Со провокативна фотографија покрај базен, Софија Вергара покажа како се ужива во летото

Колумбиската актерка Софија Вергара (50) ги воодушеви своите следбеници со фотографија покрај базен.

Заводливата актерка позираше покрај базен во оскуден костим за капење и фотографијата ја сподели на својот Инстаграм.

Мојата работа е лето“, напиша Вергара која ги покажа своите облини.

Актерката очигледно ужива во летото, како што навела во описот на фотографијата, а од приложената фотографија може да се забележи дека ужива и во сончањето. На фотографијата жешката Колумбијка позира лежена покрај базен, додека носеше црни бикини.

На актерката не и се непознати провокативните изданија, а нејзиниот младешки изглед на 50-годишна возраст воодушевува многумина.

Инаку, Вергара е позната по улогата на Глорија Причет од серијата „Modern Family“, а сега е и во жирито на шоуто „America’s Got Talent“. Исто така, актерката долго време го држеше првото место на листата на најплатени холивудски актерки, но од април 2023 година веќе не е така.