Југословенскиот актер доби дете на 92 години – Неговото дете го родила 56 години помлада жена: ,,Не обрнувававме внимание” (фото)

Југословенскиот актер Звонимир Рогоз на 92 години го доби синот Рафаел, а тоа уште додека беше жив предизвика шпекулации дека тој всушност не е биолошки татко на детето родено од неговата 56 години помлада сопруга Агата.

Од друга страна, таа упорно тврдеше дека тие озборувања ги ширеле љубоморните поранешни љубовници на актерот, кој важеше за голем југословенски заводник.

Иако бил голем заводник, Звонимир се оженил само два пати.

Втората сопруга Агата Рогоз била 56 години помлада од него и му родила дете на 92 години. Неговиот познат одговор на прашањето како им се случило тоа бил: .

Не обрнувавме внимание“!

Инаку, Ѕвонимир Рогоз е роден во Загреб во семејство на адвокати. Како дете ги загубил родителите и пораснал со кумот кој го пратил на бизнис школа во Виена, но глумата била неговата вистинска љубов.

Последната улога ја имаше кога наполни 100 години

Ѕвонимир почина во родниот град во Загреб на 6 февруари 1988 година на 101-годишна возраст. Актерот се школувал во Виена и Загреб. Настапуваше во Осиек, Вараждин и Љубљана. Се прослави со улогата во Хамлет, а беше ангажиран и во Прага, каде што стекна меѓународна репутација.

Глумеше и во филмови во Прага, сними околу 20 филмски остварувања. Ја објави книгата „Моите први сто години“, а за него е снимен и филмот „Здрав Рогоз во здраво тело“.