Со стар пасош до Австрија само со автомобил

Нашите граѓани кои имаат лични карти можат да влезат во Србија (со автомобил) и да продолжат кон Хрватска каде ќе влезат со стар пасош, објаснуваат за Телма од МВР.

Истото важи и за Австрија. Но не може со авион да отпатуваат Скопје – Загреб или Скопје – Виена.

Од МВР велат дека оние кои ќе влезат од со стара лична карта во Србија, може патувањето да го продолжат со стар пасош кон Хрватска, па преку Словенија, Австрија и други земји.