Со „шкода“ возел во спротивен правец, па удрил во Брза помош по што се превртела! Пациент починал, три лица се повредени

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Бањалука-Лакташи, потврдија од полициската управа Бањалука.

Портпаролката на полицијата во Бањалука Данијела Мучибабиќ изјави дека околу 12:05 часот полициски службеници постапиле по пријава дека на главниот пат Бањалука-Лакташи се случила сообраќајна несреќа, пишува РТРС, пренесува Српскаинфо.

– Во тек е истрага. Според досегашните информации, едно лице загинало, додека едно лице е тешко повредено. Повеќе информации ќе бидат познати по завршување на истрагата – рече Мучибабиќ.

Во сообраќајката учествувале возило од Итната медицинска помош и автомобил марка шкода.

– Видов дека на повредените им се помага на местото на несреќата – изјави очевидецот.

По судирот Брзата помош се превртела.

Поради несреќата сообраќајот на оваа делница од автопатот се одвива отежнато. Во тек е истрага за утврдување на точните околности на несреќата.