– Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети им забрани на своите избраници со себе да носат конзоли за играње.
– Некои играчи сигурно веруваа дека Спалети лае и не гризе, но не беа во право и сега треба да разјасниме некои работи. Отсега ќе го остават „PlayStation“ дома и повеќе нема да го носат со себе. Ќе им смислам мала игра за да им го одвлечам вниманието навечер. Ќе дојдат кај мене и ќе им давам задачи навечер ако не е им е интересен денот. Затоа што во репрезентацијата треба да останете на вистинскиот пат, да се концентрирате и да не се залажувате. Италијанците бараат кул и одговорен тим, цврст и храбар. Луѓето доаѓаат во репрезентацијата за да го освојат Европското првенство, а не да го освојат „Call of Duty“, изјави Спалети, за италијанските медиуми.
Репрезентацијата на Италија на Европското првенство 2024 во групата ќе се сретне со Шпанија, Хрватска и Албанија.
Следниот натпревар Италијанците го играат на 22 март. Избраниците на Спалети ќе се сретнат со Венецуела во пријателски натпревар.