Спасовски во Естонија на средба со министерот за внатрешни работи Лаанеметс

Денес и утре, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предводи делегација од МВР во Талин, Естонија, каде што ќе оствари билатерална средба со министерот за внатрешни работи, Лаури Лаанеметс, како и состаноци со раководството на Одделот за полиција и гранична стража, и во Естонската академија за безбедносни науки.

Како што најавија од МВР, Спасовски ќе ја посети Амбасадата на Република Македонија.