Спасовски: Доколку истрагата за двојното убиство се прошири и има нови барања од Обвинителство, МВР ќе постапи
Случајот со двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски од аспект на Министерството за внатрешни работи е расчистен, изјави министерот, Оливер Спасовски кој по презентацијата на проектот „Петарди не-безбедност пред се“ во Скопје одговараше на новинарско прашање дека уште вечерта кога беше уапсен првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски случајот е решен, а две недели подоцна нема обвинение и пред неколку дена пристигна обудикцискиот извештај.
-И тогаш кажав и сега повторувам дека случајот од аспект на Министерството за внатрешни работи е расчистен во целост, за сите други аспекти од истрагата ќе се обратите во Обвинителството и сите овие аспекти, којшто ве интересираат ќе ги добиете, рече Спасовски.
Министерот за внатрешни работи, Спасовски е дециден дека случајот е комплетиран од страна на министерството, но доколку се процени да се прошире истрагата и да се добијат други барања и насоки од страна на Обвинителство, во тој случај какошто вели Спасовски „МВР е тука да постапува“.