Спасовски: Корупцијата е намалена за 22 отсто

Корупцијата во првите шест месеци од 2023 година е намалена за 22 отсто во однос на лани, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот соопштува дека во првото полугодие се евидентирани 47 кривични дела, кривично се пријавени 80 сторители и материјална штета над 92,7 милиони денари. Исто така, 26 кривични дела за злоупотреба на службената положба со коруптивни елементи и девет кривични дела за несовесно работење.

Во овој период се сторени шест кривични дела примање поткуп, четири за давање поткуп и едно кривично дело перење пари и други криминални производи, како и поттикнување за злоупотреба на службената положба и овластување“, додаде Спасовски.