Спасовски: Не дозволуваме политичко искористување на кризата и загинатите лица

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Канал 5 реагира на обидите да се добие политички бенефит од актуелната кризна состојба и загинатите лица. Тој го искажа својот став во однос на политичките прашања и интеграциите, фокусирајќи се на потребата од доверливи и одговорни лидери.

„Од 2006 до 2018 година интеграциите беа стопирани. Граѓаните треба да имаат јасна претстава кој е тој што може да ја заврши работата и кој е тој што само декларативно гледа на одредени постоечки состојби“, нагласи Спасовски.

Тој додаде дека СДСМ ќе направи се за оваа опција која ја гарантира безбедноста на граѓаните дека имаат можност да ја состават идната влада.

Сè уште нема одлука како ќе учествуваме на изборите. Раководството на партијата има донесено неколку предлог-одлуки, се очекува седница на Централниот комитет на која ќе се расправа за предлог-одлуките што ги донесе Извршниот комитет“, заклучи Спасовски.