Спасовски: Со беспрекорна организација на Самитот на ОБСЕ на најдобар начин ќе ја претставиме државата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски зборуваше за организацијата и безбедноста на самитот на ОБСЕ, кој следната недела (30 ноември и 1 декември) ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“.

Министерот Спасовски истакна дека „РСМ како држава практично оваа година ја има честа да организира два големи и значајни настани, а тоа е 50. јубилејна регионална европска Интерпол конференција што МВР имаше чест да ја организира во мај годинава во Охрид, а сега организацијата на самитот на ОБСЕ во Скопје“.

„Ова е голем настан, бара многу посветеност, многу работа, бидејќи безбедноста мора да биде на многу високо ниво. Настанот ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде се очекува да учествуваат 70-тина делегации на ОБСЕ, предводени на највисоко ниво од министрите за надворешни работи и луѓето кои ќе бидат во тимовите. Вкупно, околу 1.000 луѓе, претставници на делегации и партнери од ОБСЕ, од кои 55 делегации ќе бидат од трето безбедносно ниво и некои делегации од пониско, четврто и ниско ниво на безбедност. Сите активности заедно, нашиот Оддел за заштита на лица и одредени предмети со сите други структури на МВР, како и со владините институции вклучени во организацијата, се подготвени да ги пречекаме овие гости и да се одржи самитот. на задоволително ниво за сите нас“, нагласи министерот Спасовски.

Запрашан колку МВР е подготвено да обезбеди овој настан да помине во совршен ред од безбедносен аспект, министерот Спасовски увери дека МВР е целосно подготвено и посветено да ја гарантира безбедноста на сите делегации, како и да го гарантира нормалното функционирање на држава во овој период.