Спасовски: Со измените на Кривичниот законик се овозможува побрзо конфискација на незаконски стекнат имот
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, смета дека треба да се преземат низа мерки и активности, вклучително и измени на законските прописи, кои ќе придонесат за поефикасна борба против корупцијата и криминалот во општеството, во таа насока ги гледа и промените во Кривичниот законик.
„Кога зборувам за ефикасност, тоа значи да има ефикасни, брзи постапки во кои оние кои ги злоупотребиле позициите и се занимавале со висока корупција се гонат многу брзо и ефикасно и се што заработиле им се конфискува и враќа. Значи, измената на Кривичниот законик не ја гледам како проблем, туку како можност. Сакам да напоменам дека воопшто не се работи за Закон со кој ќе има амнестија, не може да има амнестија за никого! Директно е во согласност со директивата на Европската Унија која предвидува продолжена конфискација“, вели Спасовски.
Тој потсети дека судските постапки траат долго, со години, а понекогаш завршуваат и без конфискација на имот.
„Ако погледнете историски, ќе видите дека од 1990 година, до некаде во 2017 година, сме имале само три конфискации на незаконски стекнат имот. Тоа што судските процеси траат долго, сите функционери се доведуваат под член „злоупотреба на службената положба и овластување“, без да се прецизираат сторените кривични дела, е проблем и во правниот систем. А оваа работа никаде ја нема во земјите членки на Европската Унија. Има низа кривични дела во кои може да се наведат и одговорат делата што ги направиле службените лица“, појасни Спасовски, додавајќи дека со тоа ќе се избегнат ситуации во кои по истиот член ќе бидат опфатени десетици функционери и со тоа тие ќе сведочи дали должноста била злоупотребена или не, дали биле преземени доволно мерки, дали имало доволно докази,
Министерот Спасовски е дециден дека со измените на Кривичниот законик прво не се укинува кривичното дело „злоупотреба на службената положба“. Откажуваат став од него и обвинителот има можност да го преквалификува делото врз основа на доказите што ги има.