5 видови на храна кои создаваат гасови! – Надуеност на желудникот, доволна е и мала количина – еве со што да ги замените (фото)

На сите им е добро познато дека после чинија грав се појавуваат стомачни болки и гасови. Покрај гравот, кромидот, брокулата, зелката и газираните пијалоци се меѓу намирниците кои го зголемуваат производството на гасови. Но, тоа не е сè!

Всушност, постојат неколку други намирници кои можат да предизвикаат гасови и надуеност.

Сас Парсад, нутриционист, открива која храна го зголемува производството на гасови и со што да ја замените.

„Нивото на гасови варира од личност до личност. Нашите уникатни дигестивни системи, цревните бактерии, нивоата на ензими и чувствителноста играат улога во одредувањето како реагираме на различната храна“, рече таа.

Ова се намирниците кои поинтензивно предизвикуваат гасови:

1. Јаболка, круши и лубеница

Овошниот шеќер, фруктозата, може да предизвика зголемена надуеност и прекумерно формирање на гасови кај некои луѓе. Но, постои решение за тоа! Обидете се да ја намалите големината на порцијата, што помага да се намали целокупното оптоварување со фруктоза на дигестивниот систем. Кајсиите, праските, сливите и ананасот се одлични замени.

2. Риба и чипс

Пржената храна како риба и чипс, како и друга мрсна храна – колачи, чоколади и масни месни производи може да предизвикаат гасови.

,,На мрсната храна и’ е потребно подолго време да се разгради во желудникот и тенкото црево отколку на другите хранливи материи како јаглехидратите и протеините“, истакнува нутриционистот.

3. Млеко

Кравјото млеко може да предизвика надуеност на желудникот кај некои луѓе, а сето тоа поради лактозата.

„Некои луѓе се слаби на лактоза, што значи дека им недостасува доволно лактаза, што доведува до ферментација на лактоза од цревните бактерии и гасови и надуеност“, објаснува нутриционистот.

4. Вештачки засладувачи

Од протеински прав, газирани пијалоци и житарици, до житарки и јогурт со малку маснотии (маснотијата се заменува со шеќер или засладувач), засладувачите се појавуваат насекаде.

„Некои засладувачи не се апсорбираат добро во тенкото црево и можат да стигнат до дебелото црево без да се разградат, што предизвикува дигестивни проблеми“, вели нутриционистот.

Говедското и црвеното месо воопшто имаат амино киселини кои содржат сулфур.

„Овие соединенија, особено гасот водород сулфид, може да придонесат за надуеност кај некои луѓе. Зеленчукот со висока содржина на сулфур, како што се брокулата и карфиолот, исто така може да го зголемат производството на сулфур гас кога се комбинираат со оброк богат со протеини“, посочува нутриционисто и советува да се избегнува заедничко консумирање на овие намирници.