Спасувачите сè уште ги пребаруваат урнатините и 12 дена по страшниот земјотрес во Турција во кој загинаа повеќе од 40 илјади луѓе со надеж дека ќе најдат друг преживеан.
Но, копајќи низ урнатините, наоѓаат различни нешта, па така, видео од изненадувачко откритие пристигнува од Газиантеп, Турција.
Имено, додека трагале по преживеани, спасувачите меѓу урнатините пронашле торба во која имало пари и накит од два милиони долари, пишува БНН.
Се појави и видео на кое се гледа како спасувачите бројат огромни суми пари.
Сепак, чантата и’ ја предале на полицијата. Надлежните најавија дека целиот накит и пари, доколку не се најдат сопствениците, ќе бидат префрлени во Државната каса.