Спасувачите барале преживеани и ја пронашле чантата: Кога ја отвориле следел шок

Во потрага по преживеани, спасувачите пронајдоа торба со пари и накит од два милиони долари меѓу урнатините.

Спасувачите се уште ги пребаруваат урнатините и 12 дена по страшниот земјотрес во Турција во кој загинаа повеќе од 40 илјади луѓе со надеж дека ќе најдат друг преживеан. 

Меѓутоа, копајќи низ урнатините наоѓаат различни нешта, па видео од изненадувачко откритие пристигнува од Газиантеп, Турција.

Имено, додека трагале по преживеани, спасувачите пронашле торба во урнатините во која имало пари и накит од два милиони долари.

Се појави и видео на кое се гледа како спасувачите бројат огромни суми пари. Сепак, чантата и ја предале на полицијата.

Надлежните најавија дека целиот накит и пари, доколку не се најдат сопствениците, ќе бидат префрлени во Државната каса.