СПЕКТАКУЛАРНОТО ФИНАЛЕ МУ ПРИПАДНА НА АЛКАРАЗ! Шпанецот го освои Ролан Гарос – го сруши Зверев и го престигна Новак на АТП листата!

Карлос Алкараз има само 21 година и веќе има освоено три Грен Слема, најважните и најголемите турнири во тенисот.

Алкараз стигна до својата трета грен слем титула, но прва на Ролан Гарос, во неделното финале победувајќи го Германецот Александар Зверев со 3:2 во сетови (6-3 2-6 5-7 6-1 6-2).

Алкараз го освои Вимблдон минатата година, а УС Опен во 2022 година.

Со 21-годишна возраст, Алкараз е најмладиот тенисер кој освоил Грен слем титула на сите три подлоги (тврда, трева и земјена).

Алкараз се искачи на третата втора позиција со новите 2000 АТП поени, менувајќи ги местата со Новак Ѓоковиќ.

Сега Шпанецот е на 8.580 поени, наспроти 8.360 поени на Ѓоковиќ.

Поради повреда на менискусот , Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос и поради тоа повеќе не можеше да ја брани титулата и бодовите од минатата година.

Тоа прво го искористи Јаник Синер за да се искачи на врвот на АТП листата со пласманот во полуфиналето.

Бидејќи Алкараз го елиминира Италијанецот во полуфиналето, на крајот се фати за трофејот.

Претходниот пат Новак беше трет на 29 мај 2023 година.