СПЛИТ НА НОЗЕ, МАЖ ШЕТАШЕ СО БОМБА ВО РАЦЕТЕ! Соседите ШОКИРАНИ – интервенираше полицијата!

Постариот станар им тврдел на соседите дека му е бомба во рацете, поради што била алармирана полиција.

Полицијата и специјалната полиција во Сплит утрово блокираа станбена зграда во тој хрватски град по пријава дека е забележан постар станар како оди со експлозивна направа во раката.

Медиумите јавуваат дека тој им тврдел на соседите дека се работи за бомба, поради што била алармирана полиција.

Се наведува дека полицијата превентивно го опколила тој дел и потоа интервенирала.

Во моментот кога специјалните и интервентните полициски единици планирале да упаднат во станот на осомничениот, вратата ја отворило друго лице во станот.

Осомничениот е приведен за понатамошна кривична истрага за да се утврди за што всушност се работи.