Тројца мажи се приведени за време на антитерористичка операција во Дагестан, кои планирале да извршат терористички напад.
„За време на оперативните претресни активности извршени од безбедносните служби во Дагестан, добиени се информации за локацијата на вооружени лица вклучени во терористички активности. Вечерва специјалните сили на ФСБ ги блокираа во неколку станови во станбените области на Махачкала и Каспијск. за да се обезбеди безбедност на граѓаните, шефот на регионалниот оддел на ФСБ воведе режим на антитерористички операции“, беше објавено.
Кај нив е пронајдено автоматско оружје, муниција, како и спремни за употреба експлозивни направи.
Немаше жртви меѓу цивилното население и нема загуби во редовите на безбедносните сили.