СРАМНО СООПШТЕНИЕ ОД НАПОЛИ ПО ТИК ТОК СКАНДАЛОТ – Шампионот на Италија продолжува да се брука: Шокантен третман за првата ѕвезда на тимот
Ситуацијата во Наполи не се смирува откако на официјалниот профил на овој клуб на социјалната мрежа Тик Ток беше објавено навредливо видео против Виктор Осимен, првата ѕвезда на тимот.
Нигериецот минатата сезона беше најдобар стрелец во Серија А со 26 гола, а сега е бесен на својот тим.
И наместо да се обидат да ги смират страстите во Наполи, тие објавија соопштение во кое нема извинување за Виктор Осимен.
„Наполи сака да избегне дополнителни шпекулации за овој случај, во ниту еден момент немаше намера да се исмева или навредува Виктор Осимен, кој е богатство на нашиот клуб. Доказ за тоа е што во текот на летото клубот одлучно ги одби сите понуди кои пристигнаа по него од странство. Социјалните мрежи, особено Тик Ток отсекогаш користеле гласовни модификации за да изразат некое чувство кое е слободна волја и креативност на самиот автор. Овој потег не беше насочен кон прикажување на Виктор Осимен во негативно светло. Ако Виктор Осимен го сфати тоа видео како напад врз него или навреда, тоа не била намерата“, се вели во соопштението од клубот.
Нигериецот има договор до летото 2025 година, сепак прашање е дали ќе остане до крајот во Неапол.
За него и пред овој инцидент имаше клубови заинтересирани, а несомнено е дека многумина ќе се обидат да го искористат сето она што се случува за да го доведат дваесет и четиригодишниот по пониска цена.