Србинот Николиќ нов ракометар на Вардар 1961

Двократниот европски ракометен првак Вардар 1961 продолжи да го засилува составот за следната сезона, откако денеска потпиша двегодишен договор со српскиот бек Матија Николиќ., со можност за продолжување на соработката за уште година.

Дваесет и двегодишниот Николиќ се пресели во редовите на „црвено – црните“ од словенечкиот прволигаш Шкофја Лока, каде настапуваше последните три сезони.

Николиќ е третото српско засилување на Вардар 1961 во летниот преоден рок по Марко Срдановиќ и Стефан Петриќ