Генералштабот на Украина тврди дека руските војници редовно се дрогираат за да не се плашат од смртта

Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, руските команданти редовно им делат наркотици и други опојни материи за да не се плашат дека ќе бидат убиени во битка.

Ова денеска го соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, пренесува Телеграф.

„Руската армија сè повеќе одбива да умре за злите намери на нејзиниот водач, па непријателската команда одлучи да експериментира со други видови стимулации кои го искривуваат чувството за реалност и водат до смрт“, се вели во извештајот.

Според достапните информации, наркотични и психотропни супстанции систематски се внесуваат на персоналот на 108. полк на 7. воздухопловна дивизија. Овие лекови доведуваат до еуфорија.

„Војниците кои полесно ги користат се согласуваат на напади без страв од повреда или смрт“, велат од Генералштабот.