Србин (36) настрада во стравична трагедија во Америка: Бојан Петровиќ загина кога камионот му експлодира на пат! (фото)

Бојан Петровиќ (36) пред неколку дена трагично го загуби животот во САД, кога експлодирал камионот што го управувал.

Бојан загина во утринските часови на 24 ноември, кога друго возило удрило во приколката на неговиот камион, при што камионот се превртел и експлодирал. Според портпаролот на полицијата, жена (39) која управувала со Нисан Алтима го закачила задниот десен дел од приколката на Бојан. Камионот излетал и удрил во бетонски насип, по што се превртел на покривот и се запалил.

Трагедија... Загина Бојан Петровиќ

Истрагата за целиот случај е во тек, а семејството на жртвата Бојан сега се обидува да собере пари за да го вратат неговото тело во Србија и да го закопаат, пишува на страната GoFundMe, каде се собираат пари за помош на семејството Петровиќ.