СРБИЈА ВО ШОК – Двајца млади Срби брутално убиени во Данска: Едниот прободен во срце, а на другиот му го пресекле грлото!
Двајца млади Срби се убиени во понеделникот во Копенхаген кога од засега непознати причини биле нападнати од група млади мажи, објавија данските медиуми.
Петар Стешевиќ (17 г.), млад човек по потекло од Црна Гора, бил прободен со нож во градите, додека неговиот пријател Н.Ш. (18 г.) од околината на Чачак, бил убиен со расекотина на грлото, пишува српски Курир.
Таткото на Петар, Ненад Стешевиќ за српскиот весник изјави дека нема навестување за такво злосторство и дека мајката на Петар телефонски разговарала со синот само неколку минути пред убиството.
„Се се случи на 300 метри од нашата куќа овде, вечерта излезе со двајца пријатели Н.Ш. и еден млад човек од Данска. Му се јавила мајка му и тој само и рекол дека е на пат кон дома, а бил многу блиску. Кога набргу не се појави, таа повторно му се јави, но тој не одговори. Тогаш се јави полицијата и кажа дека се случило најлошото“, вели таткото на Петар за српскиот весник.
„Петар беше син од соништата, ангел. Речиси секој ден ни кажуваше дека не сака, таков беше. Беше мое дете, најдобрите години беа пред него, а сега е мртов“, изјавил Ненад Стешевиќ, кој во 1998 година се преселил во Данска.
Петар за три месеци би наполнил 18 години. Бил спортист, а со младиот човек кој бил со него цел живот се дружеше – двајцата се родени во Данска, заедно играле фудбал, кошарка…, пишува Курир.
Иако го познава младиот човек кој бил убиен со Петар, од почит кон неговото семејство, Ненад не сакал да зборува подетално за злосторството.
„Истрагата се уште трае и не сме сигурни што точно се случило“, вели Ненад.
Според данските медиуми, наведува Курир, двајцата биле нападнати од група млади момчиња кои не се државјани на таа земја.
„Петар Стешевиќ е прободен со нож во срцето, на Н.Ш., напаѓачите му го пресекле грлото, додека Данецот се здобил со убодни рани на ногата“, јавуваат тамошните медиуми.
Според српски Курир, еден од напаѓачите им бил познат на убиените млади луѓе, но полицијата интензивно работи на расветлување на овој случај.