СРЕДБАТА МЕЃУ ЏО БАЈДЕН И СИ ЏИНПИНГ Е ПОДГОТВЕНА – Кина соопшти дека е време за соочување со глобалните предизвици: “Иднината за човештвото…“
Кина е подготвена да води преговори со САД на „сите нивоа“, потврди денес кинескиот потпретседател Ханг Женг, пред планираната средба меѓу кинескиот и американски претседател Си Џинпинг и Џо Бајден следната недела.
„Неодамнешните состаноци на високо ниво меѓу кинеските и американските претставници испратија позитивни сигнали кои укажуваат на подобрување на билатералните односи“, истакна кинескиот потпретседател Хан Женг во забелешките.
„Подготвени сме да ја зајакнеме комуникацијата и дијалогот со САД на сите нивоа, да промовираме заемно корисна соработка, правилно да управуваме со разликите и заедно да се соочиме со глобалните предизвици“, нагласува Ханг Женг.
Односите меѓу Вашингтон и Пекинг достигнаа една од најниските точки во последниве години за голем број прашања, како што се контролата на извозот, човековите права и националната безбедност.
Но, се чини дека двете земји сакаат да се вратат на дијалогот, при што Вашингтон оваа година испрати повеќе високи претставници во Пекинг.
Претседателот на САД, Џо Бајден, вели дека планира да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг и изрази надеж дека ќе има „конструктивен разговор“ на маргините на самитот на АПЕК (Азиско-Пацифичка економска соработка) во средината на ноември во Сан Франциско.
Официјален Пекинг се уште не потврдил дека средбата ќе се одржи, но Ханг Женг ја повтори денешната изјава на Си Џинпинг дека односите меѓу Пекинг и Вашингтон се одлучувачки за „иднината на човештвото“.
„Светот е доволно голем за да можат две земји да се развиваат заедно и да бидат просперитетни“, заклучи тој.