Средба меѓу Ердоган и грузискиот премиер Гарибашвили

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Њујорк се сретна со грузискиот премиер Иракли Гарибашвили.

Ердоган е во Њујорк по повод заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).

Турскиот претседател на средбата со Гарибашвили укажа на важноста од реализацијата на Средниот коридор, важен инфраструктурен проект за двете земји.

Ердоган изјави дека наскоро се очекува да биде пуштена во употреба железничката линија Баку-Тбилиси-Карс.