ОГРАБЕНА КУЌАТА НА ТОМА ЗДРАВКОВИЌ! Вандали ја пробиле капијата, упаднале во пресрет на Нова година – ова се деталите

Српските медиуми објавија дека пред неколку дена била ограбена родната куќа на фолк пејачите Тома и Новица Здравковиќ во лесковачкото село Печењевце.

За време на новогодишната ноќ непознати крадци ја разбиле влезната капија, која потоа ја фрлиле во блиската кал. Вандалите го оштетиле хидрофорот на бунарот исто како и влезната врата од куќата, додека не се знае што е одземено од куќата.

За потсетување, минатата година започна реновирањето на куќата на Тома Здравковиќ, но работата беше прекината. Сепак, мештаните се надеваат дека се ќе биде готово до крајот на тековната година, бидејќи тоа е вистинска атракција за споменатото село.

Споменик на Тома Здравковиќ во октомври минатата година беше откриен во центарот на Белград односно на Скадарлија. На откривањето на споменикот присуствуваа сопругата на пејачот Гордана и ќерката Жаклина, за што на големо се зборуваше тогаш во медиумите и јавноста во регионот.