Средба на Маричиќ со Мурановиќ и Андерсон: Важноста на проевропскиот фронт е императив во намерата на исполнување на стратешката цел за влез во ЕУ до 2030
– Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска имал средби со Јонас Андерсон и Азра Мурановиќ од Меѓународниот центар „Олаф Палме“- чадор организација на шведското работничко движење за меѓународна солидарност и застапување, пратеници во Шведскиот парламент и претставници на Институтот Прогрес кој ги промовира социјалдемократските вредности во државата.
На средбата, Маричиќ, како што информираат од неговиот кабинет, истакнал дека важноста на проевропскиот фронт е императив во намерата на исполнување на стратешката цел за приклучување на Северна Македонија кон Европската Унија, додека присутните се сложиле дека нашата држава мора да продолжи со својата мисија за исполнување на целта за просперитет, реализација на реформите, но и превземање на одговорноста од страна на сите политички партии со цел успешно водење на државата во ЕУ.
Тие, се вели во соопштението, заклучиле дека час поскоро мораме да ја искористиме шансата да се вклучиме во европскиот фронт каде што се вклучени сите. Поддршката од шведските парламентарци е од исклучително значење за европската агенда на Северна Македонија, секогаш подготвени да го дадат својот придонес за што сме исклучително благодарни, информираат од Секретаријатот за европски прашања.