Средби на претседателот Пендаровски на маргините на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи
Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени – COP28 во Дубаи оствари кратки средби со британскиот крал Чарлс Трети, со кралот на Јордан Абдула Втори, со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар и претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова, со претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, со претседателот на Кипар Никос Христодулидис, со претседателот на Бразил Луис Инасио Лула да Силва, со премиерот на Кралството Шпанија Педро Санчез Перез-Кастехон, со премиерот на Индија Нарендра Моди, со премиерот на Република Албанија, Еди Рама, со британскиот министер за надворешни работи и поранешен премиер Дејвид Камерон, со поранешниот британски премиер, Тони Блер и со претседателот на ФИФА Џани Инфатино.