,,Среќен сум, секако“ – Вучиќ објави необично видео! Еве како се подготвува да ги пречека гостите на утрешниот Саем на вино (ВИДЕО)

Вториот меѓународен саем за вино „Wine Vision Open Balkans“ почнува утре.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во оваа прилика на својот Тик Ток профил објави видео во кое подготвува храна за голем број гости кои утре ќе дојдат во Србија на саемот на вино. 

Претседателот Вучиќ заедно со видеото додаде опис –  Оваа подготовка нема да придонесе за мојата физичка кондиција и изглед, но јас сум среќен.

Од 16 до 19 ноември на саемот во Белград ќе се одржи вториот меѓународен саем за вино ,,Wine Vision Open Balkans”

Саемот ќе се одржи под покроителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ и во текот на четирите дена на Wine Vision, Белград ќе собере повеќе од 600 излагачи од бројни винарии, дестилерии, гастрономски компании од повеќе од 28 земји, а ќе има двојно повеќе изложувачи од лани.

Како што е наведено, половина од излагачите ќе бидат од земјите од Отворениот Балкан, и тоа 260 од Србија, 74 од Северна Македонија и 21 од Албанија , а оваа година на саемот се приклучија и производители од целиот свет.

Вистински кулинарски спектакл ќе се одржи во салата 11, каде најдобрите регионални готвачи ќе се натпреваруваат во подготовка на традиционални балкански јадења. Кулинарскиот спектакл ќе ги претстави традиционалните вкусови и локалната гастрономија на Србија, Северна Македонија и Албанија. Презентации, мастеркласи за гастрономија, готвење на лице место и натпревар на готвачи – сето ова е само дел од она што посетителите ќе имаат можност да го искусат.

Клубот на млади готвачи на Србија ќе организира натпревар на професионални готвачи наречен Open Balkan Cooking Challenge 2023, кој покрај натпреварувачкиот карактер има и хуманитарен карактер. Целата подготвена и неискористена храна ќе биде донирана. 

Исто така, повеќе од 50 дестилерии ќе имаат штандови на Саемот бидејќи ракијата е незаменлив сегмент од балканската автентичност, додека српската ,,шлива” е вклучена во листата на нематеријално наследство на УНЕСКО.

„Wine Vision Open Balkans“ ветува дека ќе биде незаборавно искуство за сите љубители на виното, гастрономијата и културата на Балканот.