Среќни вести за навивачите на ‘Старата дама’ – казната е поништена, на Јувентус му се враќаат поништените бодови! Јуве ги ‘прескокна’ ривалите и се врати на 3. место во Серија А

На италијанскиот гигант Јувентус му се вратени 15 бода кои му беа одземени поради финансиска измама. Италијанските медиуми пренесуваат дека фудбалскиот клуб Јувентус привремено ги добил одземените бодови откако им била прифатена жалбата, но дека за еден месец повторно ќе оди на суд, кој ќе донесе конечна одлука за целиот случај.

Со овие 15 бода „Старата дама“ се сели на третото место во Серија А со 59 бодови. Пред нив сега се Наполи со 75 бодови, и Лацио кој има 61 бод. Со оваа судска одлука Јуве ги прескокна Аталанта, Интер, Милан и Рома.

Потсетуваме, Јувентус првично беше казнет откако во кампањата „Призма“ беше откриено дека имало финансиски малверзации и тајни плаќања на играчите за време на пандемијата со вирусот Ковид-19

Клубот се жалеше и целиот случај заврши пред Апелациониот суд на Италијанскиот олимписки комитет (CONI), кој ја прифати жалбата, но случајот не е се уште целосно завршен.