– Владата на Република Србија денеска донесе голем број одлуки во врска со помошта како одговор на надминување на хуманитарната катастрофа во Херсонскиот регион во Украина, јави дописникот на МИА од Белград.
-Новата транша хуманитарна помош за оваа земја, меѓу другото, ќе опфати и донација на стоки и лекови од Републичката дирекција за стокови резерви и стоки од Комесаријатот за бегалци и миграции, се наведува во соопштенеито на прес службата на владата.
Исто така, Владата на Република Србија донесе заклучок со кој се одобрува привремена заштита за прием на граѓани на Украина погодени од ситуацијата во Херсонскиот регион во Украина.
Воедно, како дополнителна форма на поддршка, летово ќе се организира спортски рехабилитационен камп за младинските и детските екипи на Фудбалската академија „Динамо“ од Киев. Владата на Република Србија одобри средства за организација на летниот камп кој ќе опфати сместување, исхрана, тренинзи и фудбалски натпревари,се наведува во соопштението.