Српската пејачка настапи во преполн клуб облелена само во танга гаќички! Публиката шокирана го гледаше нејзиниот настап (фото)

Младата пејачка Ема Радујко, која пред една година зачекори на музичката сцена и успеа да придобие армија обожаватели, делумно поради нејзината музика, делумно поради нејзините провокативни фотосесии на социјалните мрежи и, може да се каже, оскудната облека. Без разлика што е исклучително млада и има само 19 години (родена е на 20.06.2004 г.), таа доживеала вистинска непријатност кога настапувала на фестивал.

Ема потоа била исвиркана од публиката, а потоа кон неа биле фрлани предмети. Таа потоа се однесуваше професионално и го одржа настапот до крај.

Ема сега се најде во центарот на нов скандал. Таа предизвика лавина коментари на социјалните мрежи бидејќи во еден клуб настапувала облечена само во танга.

Публиката шокирана ја гледаше и ја сними младата ѕвезда како се витка на сцената во танга гаќички.

– „Чист стриптиз“; “Дали ова дете има родители? Дали барем се срамат од ова?”; „Ужас, ова е одвратно“; „Кога не знае да пее, мора со нешто да привлече внимание“; „Ова е одвратно на многу нивоа“; – ова се само дел од коментарите кои можат да се прочитаат на социјалните мрежи.