СРПСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА влезе во кошарката – Патријархот го убедувал Никола Миротиќ да не потпише за белградски Партизан, црно белите останаа шокирани!
По тој разговор тој реши да го „одјави“ Партизан.
Сагата околу иднината на Никола Миротиќ заврши во кошмар за сите навивачи на Партизан.
Поранешниот ас на Барселона веќе со едната нога беше во тимот на Жељко Обрадовиќ, сите го видоа во црно-белиот дрес, тој дури им даде збор пред челниците на клубот, но дојде до нереален пресврт поради кој некои од европските тимови кои ќе го доведат Миротиќ ни криви ни должни ќе профитираат.
Самиот кошаркар се огласи и ја објасни својата одлука , набрзо стигна соопштението од Партизан , но остана нејасно што навистина предизвика еден од најдобрите играчи на Стариот континент да не го облече црно-белиот дрес.
Порталот Република стигна до одговорот! Според информациите до кои тие дојдоа, клучен фактор за одлуката на Миротиќ наводно бил разговор со високи црковни великодостојници, па дури и со самиот партријарх на СПЦ Порфирије, кои од него барале само едно – да не го дели српскиот народ!
Познато е дека Никола Миротиќ е голем верник и дека има направено многу за Србија, а сега дојде во ситуација да треба да избира меѓу два најголеми српски клубови, што доведе до огромни тензии кои се закануваа да станат многу полоши.
Поради сето ова, Никола наводно добивал закани, а и покрај тоа што претседателот Александар Вучиќ ја гарантирал неговата безбедност, се можело да излезе од контрола, па Миротиќ се одлучил на најбезболниот потег.
Црквата заедно со семејството е најважниот фактор во животот на славниот кошаркар, па тој реши да ги послуша советите на луѓето на кои им верува и кариерата да ја продолжи во поинаква средина која нема да го дели српскиот народ.
Каде ќе ја продолжи кариерата Никола Миротиќ останува да видиме во деновите што следат.