СРПСКА АКТЕРКА ХОСПИТАЛИЗИРАНА, АВТОМОБИЛОТ СМАЧКАН – Возилото по превртувањето било целосно уништено а таа се здобила со тешки телесни повреди
Сите беа загрижени!
Актерката Ања Павиќевиќ (24), која публиката ја запозна преку серијата „Мочвара“, каде го толкуваше ликот на Ана Гарчевиќ, летово нема да го памети само по убави настани. Како што пишуваат тамошните медиуми, младата актерка неодамна едвај преживеала кога доживеала сообраќајна несреќа во Црна Гора.
Изворот наведува дека автомобилот бил целосно уништен, а младата актерка е хоспитализирана.
– Ања имаше многу среќа. Кога би виделе колку е скршен автомобилот, ќе помислите на најлошото. Материјалната штета е целосна, но за среќа нема починати. Автомобилот се превртел и таа се здобила со тешки повреди. Таа дури имаше и операција, но се опорави. Мислам дека слезината и е повредена. Сето тоа се случи пред околу две недели и сите беа загрижени. Лекарите и ја дадоа сета помош што и требаше, но сите велат дека нејзината борба и желбата што побрзо да закрепне била клучна – вели извор запознаен со целата ситуација.
Новинарите ја контактирале и Ања, која потврдила дека имала сообраќајна несреќа, но не сакала премногу да зборува на оваа тема.
– Добро сум, не беше толку страшно. Ви благодарам за загриженоста, но не би дала повеќе информации – изјавила Павиќевиќ .
Младата актерка е ќерка на црногорскиот бизнисмен и кошаркарски тренер Ѓорѓе Павиќевиќ. На тригодишна возраст почнала да се занимава со класичен балет. Таа остана активна во оваа уметност тринаесет години и постигна успех дури и на меѓународно ниво. По третото одделение во гимназијата се преселила во Србија и се запишала на глума во класата на професорката Билјана Машиќ. Прво се појави во долгометражен филм во „Името на нацијата“ во режија на Дарко Бајиќ. Оваа улога и го донесе првото актерско признание – Повелбата за извонредна женска улога на 55. Филмски фестивал во Ниш. Оттогаш улогите се редат, а пошироката публика ја запозна преку серијата „Мочвара“.