Една од најпознатите српски манекенки Марија Жежељ е во врска со наследникот на британскиот милијардер Сер Дејвид Баркли, Алистер Баркли, пишува српски Информер.
Српската манекенка со постојана адреса во Соединетите Американски Држави, Марија Жежељ, повеќе од една година е во среќна врска со синот на британскиот милијардер Сер Дејвид Баркли, Алистер Баркли. Тој ја запозна Жежељ, родум од Нови Сад, во Њујорк, каде што живее од 2018 година.
Манекенката дошла до наследникот на империјата преку заеднички пријател, а таа прва му пришла на Алистер.
– На Марија веднаш и’ се допадна Алистер. Тие двајца денес немаше да бидат заедно доколку таа не го направеше првиот потег. Го запознала преку пријател, исто така модел. Прво му пришла и го замолила да оди на состанок. Отпрвин тој одбил, но следниот пат да биде подиректна. Таа му рекла:
„Очигледно е дека има хемија меѓу нас, зошто да губиме време? Навистина ми се допаѓаш“ – пишува Информер.
И покрај завидната кариера, изгледа дека убавата Србинка последниве години ја остави работата на страна, што може да се заклучи од нејзиниот Инстаграм профил, каде ја следат повеќе од 600.000 луѓе. Фотографиите кои ги објавува најчесто се од нејзините патувања, на некои од модерните дестинации како Кан, Хаваи, Бахамите, италијанските Алпи…
Во прилог на приказната дека Марија го живее животот на ,,висока нога” говорат и фотографиите на луксузни јахти, во скапи автомобили и со луксузни чанти од брендот Хермес, кои се проценети на неколку десетици илјади евра.
Избраникот на Марија пред неколку години се најде во центарот на скандал откако Дејли Мејл објави видео на кое Алистер поставува уред за прислушкување во апартманот на неговиот вујко во хотелот Риц во Париз. На видеото кое беше објавено, може да се види како млад човек ракува со апарат за преслушкување.
Семејството Баркли го прославија браќата близнаци Сер Дејвид и Сер Фредрик Баркли. „Сандеј тајмс“, во 2020 година, нивното богатство го процени на седум милијарди фунти.
Според пишувањата на медиумите, нивната компанија ,,Прес Холдингс” ги поседува списанијата „Аполо“ и „Спектатор“, а ги поседуваат и Телеграф Груп Лимитед, матичната компанија на весниците „Дејли телеграф“ и „Сандеј телеграф“.
Жежељ има 23 години и е една од најангажираните српски манекенки во светот. Таа го привлече вниманието на светската јавност кога стана заштитно лице на брендот за шминка на пејачката Ријана. Успешна е и како Јутјубер, на оваа платформа има над 400.000 следбеници, а во 2017 година ја сними својата прва песна на англиски јазик која има повеќе од 20 милиони прегледи.