Српскиот началник на ГШ на војската попладнево ќе и се обрати на јавноста во врска со ситуацијата на Косово
– Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, Милан Мојсиловиќ попладнево ќе и се обрати на јавноста во врска со ситуацијата на Косово, јавија српските медиуми.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера изјави дека не може да каже дали на средбите во Брисел е направен чекор за деескалација на ситуацијата во северниот дел од Косово, бидејќи не присуствувал на состанокот на кој високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, одржан со косовскиот премиер Албин Курти.
Според него, Брисел прави се што е во нивна моќ за да се дојде до решение и да се разбере ситуацијата на терен.