Српскиот пејач учесник во сообраќајката на Табановце, пријавено е дека со автомобил ја удрил 49-годишната жртва

Одговорниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на местото на трагичната несреќа, во близина на граничниот премин Табановце, каде животот го загуби едно лице.

Според првичните информации, судирот на два автомобила „фолксваген поло“ со кумановски и „фолксваген голф“ со скопски таблички настанал кога возачот на еден од автомобилите влегол на автопатот во спротивен правец.

По овој судир, сопатничката од автомобилот од Куманово излегла од автомобилот и во тој момент на неа налетал автомобил „опел инсигнија“ со српски регистарски таблички. Од ударот жената се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

Наредена е обдукција на починатиот, како и преглед на примероци од крв и урина на останатите учесници кои моментално се во болница со полесни повреди. Собрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење за точно утврдување на причините за несреќата.

Се дознава дека возач на автомобилот со српски регистарски таблички бил српскиот пејач Ѓорѓе Давид. Ѓорѓе Давид во изјава за српските медиуми објаснува дека со својот автомобил ја удрил жената која била на автопат и по сударот побегнал.

Ѓорѓе Давид во првата изјава по несреќата потврдува дека удрил во пешак на автопатот.

Тој рече дека полицијата брзо дошла да ја расветли несреќата и дека биле направени сите прегледи за да се утврди дали бил пијан.