Српските фудбалери мораа итно да го напуштат Иран: Саудијците им наредиле на Митровиќ и Сергеј да се вратат! (фото)

Натпреварот од азиската Лига на шампиони меѓу Сепахан од Иран и Ал Итихад од Саудиска Арабија не се одигра.

Гостите одбија да влезат на теренот поради статуата која домаќините ја донесоа на теренот.

Слично сценарио е предвидено и за натпреварот помеѓу Мазандаран и Ал Хилал за кој ќе настапат српските репрезентативци Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Фудбалската федерација на Саудиска Арабија им нареди на своите клубови веднаш да го напуштат Иран и да се вратат во својата татковина.

За што точно се работи?

Статуата на Касем Сулејмани, убиениот ирански генерал, беше поставена на стадионот Нагш е Јахан во Исфахан, каде што требаше да гостува Ал Итихад. Тој почина на почетокот на 2020 година во американски напад. Статуата се наоѓа токму на местото каде што играчите влегуваат на теренот. Тоа им пречело на гостите од Саудиска Арабија кои барале да се отстрани. Бидејќи домаќинот не ја отстрани статуата, натпреварот од групата Ц беше откажан.

Останува да се види дали во меѓувреме ќе се постигне компромис или Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ ќе мора да го напуштат Иран и да се вратат во Саудиска Арабија.