За да се ожени со Цеца, Аркан морал да го направи ова: А еве колку пари се потрошени за нивната свадба и кој платил за сето тоа! (фото)

Свадбата на Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан се смета за свадба на деценијата. Таа предизвика големо внимание и кај балканските и кај меѓународните медиуми, но никој не знаеше што треба да направи Аркан за да може да се ожени со Цеца.

Имено, балканската дива Цеца Ражнатовиќ се омажи за Жељко Ражнатовиќ Аркан на 19 февруари 1995 година.

Пред венчавката, младоженецот морал да го добие благословот на црквата за бракот бидејќи бил 21 година постар од својата избраничка, а претходно неколку пати бил во брак.

По совет на својот протоереј Живојин Тодоровиќ, тој упати молба лично до Неговата Светост – српскиот патријарх Павло.

Свадбата на Цеца и Жељко ја проследија и двете најголеми медиумски куќи во Велика Британија и Америка – Би-Би-Си и Си-Ен-Ен.

Пејачката блесна во венчаница од грчкиот дизајнер Димитриос, додека Жељко носеше воена униформа на српски војвода од Првата светска војна.

Бидејќи никој не знаеше како изгледа оригиналниот костум на српскиот војвода, на помош дошол Драгиша Спасојевиќ, врвниот кројач на театарот „Бошко Буха“.

Целата церемонија била организирана по традиционални српски обичаи, па сватовите отидоа да ја земе невестата во Житораѓе.

Црковната венчавка се одржа во црквата Свети Архангел Гаврил, а свадбената веселба во хотелот „Интерконтинентал“.

Свадбената торта имаше пет ката и 70 килограми.

Според медиумите, вкупната сума излегла околу 100.000 марки. Го платил пријателот на Аркан од Италија, Џовани ди Стефано.

Цеца и Аркан имаат две деца од бракот: Анастасија и Вељко.