Путин во ноември оди во САД? Сосема неочекувано – портпарол на Стејт департментот: Мислам дека на сите им е јасно…

САД не очекуваат рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АРЕК) во ноември во Сан Франциско, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

– Зборуваме за неверојатни сценарија. Мислам дека Владимир Путин нема да биде тука… Нема да биде во Сан Франциско во ноември, мислам дека тоа им е јасно на сите – изјави Милер на брифингот, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Милер не сакаше да ги коментира новинарските прашања за поканите за руската делегација.

– Немам што да кажам на оваа тема. Ќе ги исполниме нашите обврски како земја домаќин на самитот, но ќе ги земеме предвид и нашите одлуки за санкции – рече Милер.

Тој не одговори на прашањето за можноста за поканување на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на самитот.

Азиско-пацифичката економска соработка е трговско-економски форум на 21 земја во азиско-пацифичкиот регион.

Оваа година самитот ќе се одржи од 11 до 17 ноември во Сан Франциско.