“СРПСКИ МАЈДАН ЌЕ СЕ СЛУЧИ НАСКОРО!“ – Д-р. Бранимир Несторовиќ ги коментираше демонстрациите во Белград: “Србија против насилството сака да дојде на власт со насилство…“

Најголемото изненадување на изборите во Србија, а според некој и „победник“, д-р. Бранимир Несторовиќ, лидерот на движењето „Ние – глас од народот“, во изјава за Kurir.rs ги осуди вечерашните инциденти на опозицијата во Белград.

Иронија, ‘Србија против насилството’ се обидува насилно да дојде на власт. Со недели зборувам за сценариото на Мајдан. Можете да ја видите истата шема, логото на движењето е стилизирана тупаница, логото на АНТИФА“, изјавил Бранимир Несторовиќ и додал: „Ова го мери пулсот, Мајдан ќе биде наскоро“.

Белград, Србија

Да потсетиме, група демонстранти, предводени од претставници на опозицијата, вечерва се обидоа насилно да влезат во Градското Собрание на Белград.

Откако го скршиле стаклото на вратата, тие биле приведени од полициски сили на влезот во зградата.

Демонстрантите фрлиле факели во зградата, а биле пронајдени и канистри со непозната течност.