СРУШЕН ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ МИТОВИ НА ОВИЕ ПРОСТОРИ – Еве колку е висока пензијата во Германија: “Реално, ова е срамота!“
Просечната пензија по најмалку 45 години работен стаж во Германија е 1.543 евра. Оваа информација ја изнесе германската Влада како одговор на прашање на Дитмар Барч, координатор на пратеничката група на Левицата во Бундестагот, пишува Deutsche Welle.
Разликата меѓу женската и машката пензија изнесува неколку стотици евра. Просечната „машка“ пензија изнесува 1.637, а „женската“ 1.323. Просекот на западот на земјата е повисок од просекот во поранешните источногермански покраини и изнесува 1.605 евра, наспроти 1.403 евра на исток.
За Дитмар Барч, – „оваа сума од просечната пензија е срамниот биланс на пензиската политика во последните две децении”. Фактот што жените и источногерманците имаат значително помали пензии за него е знак дека – „Германија е далеку од фер систем“.
Овој политичар побарал од сојузната Влада да воведе вонредно зголемување на пензиите од 10 проценти за сите пензионери оваа година како компензација за инфлацијата, додека куповната моќ на пензионерите продолжува да опаѓа.
Дитмар Барч побарал реформа на пензискиот систем. За да бидат пензиите повисоки, би можело да се формира „пензиски фонд за секого“ Според неговата идеја, ова би било пензиско осигурување во кое би придонесувале сите вработени: „И државните службеници и независните бизнисмени, а пред се пратениците и министри“, вели тој.
Во Германија пензијата е во просек 48 отсто помала од платата што ја земал вработениот.
Федералното биро за статистика потврдило дека жените во старост се финансиски послаби од мажите. Според резултатите од истражувањето на приходите и условите за живот од 2021 година, жените на возраст над 65 години имаат просечна бруто пензија од 17.814 евра годишно, а мажите 25.407 евра – третина повеќе.
Причините за ова се наведува дека жените често работат во индустрии каде што платите се пониски, што често не работат со полно работно време и што често и подолго време воопшто не работат, на пример, поради деца или членови на семејството кои се испратени на туѓа грижа.
Во исто време, на почетокот на јули повторно „скокнаа“ цените за сместување или доплатите во домовите за стари лица. Во првата година станарите треба да плаќаат во просек по 2.548 евра месечно од свој џеб – 348 евра повеќе од средината, пишува Deutsche Welle.