„Срцето и е скршено“ – Поранешниот сопруг на Моника Белучи се разведува од 30 ГОДИНИ помлада манекенка

Двојката е во средина на жестоки шпекулации за развод.

Францускиот актер Винсент Касел (56) ненадејно ги избришал сите заеднички слики на Инстаграм кои ги имал со сопругата, манекенката Тина Кунаки (26) .

Двојката е во брак пет години , а моментално е во екот на гласини за развод. Тина и Винсент се венчаа во 2018 година, а во април 2019 година ја добија ќерката Амазонија.

По бракот со најубавата жена на светот, Моника Белучи , Винсент влезе во брачните води со многу помладата Тина. Медиумите жестоко шпекулираат дека парот се разведува, а гласините се потврдуваат и со тоа што од јануари не се појавуваат заедно во јавноста.

Иако веста не е официјално потврдена , извор ексклузивно откри за Daily Mail:

– Тие раскинаа пред неколку недели. Тина е со скршено срце.

Шпекулациите за разводот дополнително се продлабочија откако сите нивни заеднички фотографии исчезнаа од Инстаграмот на Винсент.

За да биде ситуацијата посомнителна, актерот не објави ништо за роденденот на Тина кој беше на 5 април, иако таа сподели неколку честитки од нејзините пријатели на својот Инстаграм профил. Тина за својот роденден објави славеничка фотографија, а еден од коментарите гласеше „Каде е твојот сопруг?