ССМ: ИТУЦ и ПЕРК со поддршка за спречување на 60 часовна работна недела

– Во Сојузот на синдикатите на Македонија денеска се одржа состанок помеѓу високи претставници на Светската конфедерација на синдикатите (ITUC), од Пан-европскиот регионалниот комитет (ПЕРК) предводена од извршниот секретар за ИТУЦ/ ПЕРК, Антон Леппик и Ениса Салимовиќ со Иван Пешевски, потпретседател на ССМ за приватен сектор ,Слободан Трендафилов, шеф на кабинетот на Претседателот на ССМ и Лиле Петрова, советник за работни односи.

Како што информираат од ССМ, на состанокот претставниците од ИТУЦ-ПЕРК детално биле информирани за намерата на Владата за воведување 60 часовна работна недела и 12 часовен работен ден и била побарана брз реакција од нивна страна и осуда на одлуката.

-Од состанокот произлезе уште во текот на денот од страна на Светската конфедерација на синдикатите (ITUC) да биде доставено писмо до Владата, Собранието и Министерството за труд и социјална политика со кое ќе им се укаже на креаторите на политиките дека со ваквата намера се повредуваат низа акти, правила и конвенции на штета на работниците, а во интерес на поединци, информира ССМ.

Се надеваат на поддршка и од Европската конфедерација на синдикатите (ETUC), и Европската (EFBWW) и Светската конфедерација на синдикатите за градежништво и шумарство (BWI).