Драма во емисија во живо: Турскиот председател го напушти интервјуто – Ердоган се разболе (ВИДЕО)

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера го прекина телевизиското интервју во живо, а потоа се врати и се извини, објаснувајќи дека има кратка стомачна болка. Турскиот лидер (69) одржа три предизборни говори во вторникот пред парламентарните и претседателските избори на 14 мај.

Вчеравечер требаше да има интервју во живо за Улке ТВ и Канал 7. Но, неговото појавување на телевизија доцнеше повеќе од 90 минути, а потоа беа скратени десет минути од емисијата. Камерата се затресе, а новинарот кој ги поставуваше прашањата стана од столот додека преносот се прекина.

Од зад камерата се слушнал неидентификуван глас како воздивнува. Ердоган се врати околу 15 минути подоцна и се извини и објасни дека му е лошо.

,,Вчера и денес беа напорни денови. Ме фати стомачен вирус. Во еден момент се запрашав дали би било погрешно ако го откажеме интервјуто. Но, ветивме. Барам прошка од вас и од нашата публика”, рече Ердоган.

Неговото лице изгледаше уморно, а очите му солзеа додека зборуваше. Турскиот лидер потоа одговори на уште неколку прашања пред да заврши интервјуто. Ердоган и неговата партија доминираа со турската политика во последните 20 години. Сепак, оваа изборна кампања претставува еден од најтешките предизвици на Ердоган за време на неговото долго владеење.