ССМ: Поднесовме барање за зголемување на минималната плата на 500 евра

ССМ поднесе барање до пратениците за итно одобрување на минималната плата во износ од 500 евра.

Од ССМ велат дека нивното барање е разумно, неопходно и одржливо, врз основа на споредби со други земји, како и на економските и социјалните услови во Македонија.

Со ова, тие побараа од пратениците и од Собранието веднаш да ја започнат законската постапка и да го прифатат предлогот на работниците, со кој би се овозможило минималната плата да се зголеми на 500 евра почнувајќи од август оваа година.