СТАНОВИТЕ НА НОВАК ЃОКОВИЌ ВО ЊУЈОРК ИЗГЛЕДААТ ТОЛКУ МОЌНО: Тенисерот искеширал 10 милиони долари, а погледот е низ целиот Менхетен, еве што поседуваат
Познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговото семејство веќе подолго време живеат во Монако, додека поседува неколку имоти ширум светот.
Низ годините, медиумите во многу наврати пишуваа за становите што ги поседува, додека на една страница на TikTok сега се појави видео од пентхаусот на Новак во Њујорк, кое многу брзо стана вирално.
Станува збор за две посебни станбени единици со вкупна површина од 185 метри квадратни, кои се наоѓаат на ист кат, како што објави „The Sun“ уште во 2022 година.
Становите за кои Ѓоковиќ потрошил околу 10 милиони американски долари нудат прекрасен поглед на целиот Менхетен.
Голем базен, теретана, спа, огромни тераси, во сето тоа ужива семејството Ѓоковиќ при престојот во „Големото јаболко“.
Апартманите на Новак се сместени во една од двете кули и тие се дело на познатиот архитект Ренцо Пијано, во чии идеи тенисерот едноставно се заљубил и е голем обожавател.
Инаку, непосредно пред Новак стан купил и Кристијано Роналдо во близина, па Новак има и ВИП сосед во Њујорк.
Покрај Њујорк, Новак поседува и недвижен имот во Монте Карло, Белград, Мајами, Тиват и вила на брегот на езерото Павлова .