Стапката на наталитет во Италија продолжува да паѓа, достигнувајќи рекордно ниско ниво

Стапката на наталитет во Италија продолжува да паѓа на ново ниско ниво, со рекорд постигнат во 2022 година кога имало помалку од седум раѓања на 1.000 луѓе.

Тоа е најниско ниво од обединувањето на Италија во 19 век, соопшти италијанскиот статистички орган Истат.

Минатата година жените родиле вкупно 393.000 деца, покажа статистиката.

Со повеќе од 12 смртни случаи на 1.000 жители регистрирани во текот на 2022 година, италијанското население продолжува да се намалува.

Населението исто така старее, со рекорден број стогодишници, повеќе од 22.000 луѓе се постари од 100 години во Италија, покажува статистиката.

Тоа е зголемување за околу 2.000 во споредба со 2021 година, а трипати повеќе од пред 20 години.

Италија имаше вкупно население од 58,85 милиони луѓе на крајот на 2022 година, според Истат. ј