Стартуваат мечевите од екипното државно првенство, Југ ја брани титулата

Од утре до четврток ќе се одигруваат мечевите од Државното екипно првенство на Македонија во тенис.  

Оваа година седум екипи ќе настапат во следните четири дена, а поделени се во две групи (една со три екипи, а втората со четири). Победниците на групите во четврток ќе играат во финалето, а второпласираните ќе е борат за третата позиција.

Според распоредот во групата 1 се екипите: Југ од Скопје, Неготино од Неготино и Тумба од Куманово, а во групата 2 се Поинтер од Скопје, МТП од Скопје, Битола од Скопје и Мондано од Скопје.

Во првото коло утре ќе играат: 
Југ – Тумба
Поинтер – Мондано
МТП – Битола

Слободна е екипата на Неготино. Почетокот на мечевите е во 9 часот, а ќе се играат на терените на ТК Југ.

Титулата од минатата година ја бранат тенисерите на Југ.