Статусот на Охрид и на Охридскиот регион на 45-тата Сесија на УНЕСКО во Ријад

Статусот на Охрид и Охридскиот регион како комбинирано светско културно и природно богатство ќе биде разгледуван на 45-тата Сесија на Комитетот за светското кулурно наследство што се одржува во Ријад, Саудиска Арабија.

Статусот на Охрид и Охридскиот регион како комбинирано светско културно и природно богатство ќе биде разгледуван на 45-тата Сесија на Комитетот за светското кулурно наследство што се одржува во Ријад, Саудиска Арабија.

Експертите на УНЕСКО ќе се произнесат за тоа дали и колку Република Северна Македонија и Република Албанија изминатите две години постапиле во насока на исполнување на препораките нотирани во последниот Извештај за локалитетот, за превенција и заштита на природното богатство на Охрид и регионот околу Охридското Езеро, како и за состојбите со движното и недвижното културно наследство.

На собирот во Ријад ќе учествува и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која ќе ги презентира последните активности во насока на одбрана на статусот на Охрид и Охридскиот регион како светско заштитено подрачје и сите спроведени активности во периодот меѓу двете сесии на УНЕСКО.

Инаку, во февруари годинава до УНЕСКО свои извештаи доставија и Националните комисии за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион на двете страни, што ќе бидат оценети и од кои во голема мера зависи идниот статус на заштитеното подрачје, дали ќе го одбрани постојниот статус заштитено светско богатство или ќе биде поместено на листата светски наследства во опасност.

Повеќе од 850 милиони млади луѓе или речиси половина од учениците и студентите во светот го прекинаа образовниот процес и наставата поради пандемијата од новиот коронавирус, соопшти Oрганизац

Според нацрт-верзијата на Извештајот за Охрид, нотирани се активности на двете страни што придонесуваат регионот да го задржи статусот, но има и забелешки и препораки што понатаму мора да се спроведува доколку интенција е заджување на таквиот статус.

Поздравено е интензивирањето на билатералната соработка од двете страни на Охридското Езеро, додека во делот што се однесува на македонската страна, се поздравуваат постапката за изработка на Урбанистичкиот план за подрачја и градби од државно значење за заштитената зона на крајбрежниот појас на Охридското Езеро, потоа интегрираниот катастар на загадувачи на животната средина на Општина Охрид, со санација на Колекторскиот систем за заштита на езерото. Потоа, се нотираат измените на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење со кој се заострува режимот на заштита во Старото градско јадро, проектот за валоризација на Студенчишкото блато и негово прогласување за заштитено подрачје, со предлогот да биде посместено на листата на Рамсар подрачја односно водно живеалиште на ретки видови од меѓународно значење.

Од двете засегнати страни се бара да ја зајакнат меѓусебната координација и соработка за да се справат со сериозните закани за локалитетот и да обезбедат систематско спроведување на проценките на влијанието, со размена на информации за планови и проекти со потенцијални влијанија врз подрачјето.

Во нацрт-извештајот се поздравуваат заедничките напори на двете држави да разработат Стратешки план за рехабилитација на локалитетот, со барање за истиот да биде определена временска рамка за имплементација, со буџет и посочени приоритетни активности. Се бара формирање соодветно екипирани, опремени и овластени национални тимови, кои преку координирана соработка со релевантни институции ќе го гарантираат спреоведувањето на активностите за заштита.

Се повикуваат двете држави да преземат итни мерки со здружени активности да ги спречат новите и анулираат постојните закани пред да биде финализиран, одобрен и да стане оперативен Стратешкиот план за обнова на локалитетот.

УНЕСКО изразува сериозна загриженост заради ранливоста на локалитетот и негативните фактори кои влијаат на него и под итно се бара суспендирање на измените на Деталните урбанистички планови и одобрувањето на плановите за локален развој надвор од населените места се додека не се изврши проценка на влијанието врз наследството на стратешко ниво односно се додека не се покаже дека истите не ги засегаат универзалните вредности на локалитетот.

Се бара итно изработување на Генералните урбанистички планови за Охрид и Струга и инструментите за просторно планирање за неизградените области со целосно политување на одредбите за заштита на атрибутите што го детерминираат заштитеното подрачје.

Од македонската страна се бара да достави физибилити студија за Урбанистичкиот план за области и објекти од државно значење во крајбрежниот појас на Охридскиот регион, како и да го го заокружи процесот на прогласување на Студенчишкото блато за парк на природата и Охридското Езеро за споменик на природата, и да се обезбеди дека мерките за управување ги зачувуваат клучните еколошки процеси и карактеристики кои придонесуваат за извонредната вредност на заштитеното подрачје. Исто така се бара од македонските власти до Центарот за светско наследство да достави детална документација за одобрените проекти за делницата А2 на автопатот Кичево-Охрид.

Од обете засегнати страни се бара да продолжат да го решаваат проблемот со дивоградбите, како и да се обезбеди веќе отстранетите такви објекти не се обновуваат и да се спречи појавување нови.

Понатаму се бара од државите-членки да обезбедат систематска проценка на влијанијата на плановите и проектите врз локалитетот, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на проектот за пренасочување на реката Сатеска и планот за ревидирана траса за железничкиот „Коридор 8“ во крајграничниот дел, според Упатството и Прирачникот за проценки на влијанието во контекст на светското наследство.

УНЕСКО во Извештајот со жалење констатира што покрај првичните напори на државите членки да ги анулираат заканите по локалитетот, допрва треба да постигнат опипливи резултати. Истите се во ризик да бидат поткопани од повторно појавуваните закани, а особено од недостатокот на кохерентна визија споделена од сите актери за зачувување на универзалните вредности на локалитетот.

Во координација со Локалната самоуправа екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ се спроведе акција за чистење на плажите на потегот меѓу автокампот „Љубаништа“ и реката Черава.

Дополнително од Скопје и Тирана се бара да ја зајакнат својата прекугранична координација и соработка во справувањето со заканите за имотот преку подобрување на меѓусебната комуникација и координација за плановите и проектите што можат да влијаат на атрибутите што се во основата на универзалните вредности на локалитетот, потоа континуирано подобрувања на ресурсите на прекуграничната работна група формирана за подготовка на Стратешкиот план за рехабилитација на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион,со мандат да ја поддржи оперативната имплементација на планот.

Се најавува дека Реактивна мониторинг мисија на заедничкиот центар за светско наследство/IUCN/ICOMOS ќе го посети локалитетот за да провери колку ефикасно се спроведуваат неопходните мерки, потоа нивото на мобилизираност и координација на сите вклучени засегнати страни, како и имплементацијата на препораките од мисијата во 2020 година и повторените барања на Комитетот, сето со проценка за севкупната состојба на зачувување на локалитетот.

Двете држави ќе мора најдоцна до февруари наредната година да достават ревидиран нацрт на Стратешкиот план за рехабилитација на светското природно и културно наследство и заеднички ажуриран извештај за состојбата на конзервација на имотот и имплементација на сите посочени препораки и забелешки.

Притоа се предупредува дека итните потреби за заштита на локалитетот бараат широка мобилизација за заштита на неговата извонредна универзална вредност и не се исклучува можноста заштитеното подрачје да биде посметено на списокот светски наследства во опасност.