СТИГНАА „ЧЕСНИТЕ ПОДАРОЦИ“ НА НОВИОТ КИМ: Северна Кореја испрати уште 330 балони со ѓубре до јужниот сосед, тие се одговор на оваа акција на Сеул

Војската на Јужна Кореја денеска процени дека уште 330 балони полни со ѓубре биле испратени од Пјонгјанг преку границата во саботата како одговор на испраќањето пропагандни летоци до Север од страна на јужнокорејски активисти.

„Досега околу 80 (балони) паднаа во нашата област и моментално ништо не е идентификувано во воздухот“, се вели во соопштението на јужнокорејската војска.

Вчера објавија дека се во готовност за можно пристигнување на балони од Северна Кореја.

Анализата на балоните покажува дека тие не содржеле „никакви опасни материи“, се додава во соопштението.

„Северна Кореја се вклучува во уште една провокација на ниско ниво со лансирање балони за ѓубре во нашите цивилни области“, рече градоначалникот на Сеул; О Се-Хун.

Јужна Кореа

Во два брана минатата недела, Пјонгјанг испрати неколку стотици балони полни со ѓубре, вклучително и догорчиња од цигари и животински измет, до својот јужен сосед.

Според Пјонгјанг, овие „искрени подароци“ биле одговор на испраќањето балони исполнети со пропаганден материјал од страна на јужнокорејски активисти. Северна Кореја тогаш објави дека ќе стави крај на тие акции.

Меѓутоа, во петокот, група Севернокорејци кои пребегнаа на југ изјавија дека испратиле десет балони со 200.000 летоци против Пјонгјанг, како и УСБ-стикови со снимени К-поп и јужнокорејски ТВ серии, во правец на Северна Кореја. , каде што таквата содржина е строго забранета.